18 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕУмерен танц за помал ризик од кардиoваскуларни болести

Умерен танц за помал ризик од кардиoваскуларни болести

ranchvideo-11721

Умереното интензивно танцување како и умереното интензивно пешачење е поврзано со понискиот ризик од смрт од кардиоваскуларните болести, според новото истражување објавено во списанието American Journal of Preventive Medicine.

„Не е изненадување дека умерената телесна активност штити од кардиоваскуларна смрт. Бев изненадена дека многу бавниот танц не штити. Ползата може да му се припише на социјалниот и емотивниот аспект на танцот, па очекував дека и бавниот е полезен“, вели за Reuters водителката на истражувањето Дафна Мером од австралискиот универзитет Западен Сиднеј.

Нејзиниот тим обработил резултати од 11 истражувања спроведени во Велика Британија во периодот од 1995 до 2007 година на повеќе од 48.000 возрасни лица постари од 40 години, кои на почетокот од истражувањето немале никакви срцеви заболување. Особено се насочил на делот од анкетите во кои испитаниците одговарале на прашањата за зачестеноста и интензитетот на танцот и пешачењето во текот на претходните четири седмици. Потоа податоци ги поврзувале со националниот регистарот на умрените.

Околу 3.100 од 48.000 испитаници рекле дека се занимаваат со танц, а две третини дека пешачат. Оние коишто танцувале биле помлади, послаби и имале помалку изгледи да патат од хронични болести, и севкупно имале повеќе часови телесни активности од оние што не танцувале.

Од вкупниот број испитаници, 1.714 починале од болести на срцето и крвните садови. Оние кои се занимавале со умерено интензивен танц или со одење, имале помалку изгледи да починат од кардиоваскуларни болести споредено со оние кои не се занимавале со танц или многу малку се движеле.

Минимално се препорачува 150 минути седмично умерено интензивни физички активности.

„Би ги советувала оние на коишто одењето пеш им е здодевно да пробаат со танц. Во тоа можете да постигнете поголем интензитет отколку одејќи, и во покусо време иста полза. Танцот е напор и за мозокот, бидејќи станува збор за активност во којашто е потребен поголем степен на координација, вештина и учење. Сите танци имаат побрзо и побавно темпо, и што е побрзо тоа е подобро за здравјето на вашето срце“, порачува Мером.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП