19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот извоз помал за 20 проценти во однос на минатата година

Кинескиот извоз помал за 20 проценти во однос на минатата година

kina

Кинескиот извоз во февруари оваа година е помал за 20,6 проценти во однос на истиот период минатата година, објави официјалната кинеска Агенција за царина.

Кинескиот извоз во февруари изнесувал 126 милијарди долари. За потсетување, Кина во јануари 2016 година исто така забележа пад на извозот од 6,6 проценти во однос на јануари 2015 година.

Покрај падот на извозот забележан е и пад на увозот од 8 проценти.

Кинеската економија го бележи најбавниот раст во последните 25 години. Кина претходно започна со транзиција на својата економија и планираше намалување на стапката на раст на економијата, но ваквото забавување ги загрижува инвеститорите.

Експертите стравуваат дека забавувањето на кинеската економија би можело да се одрази на целиот свет со оглед на големината и значењето на кинеската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП