4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАTурската компанија „Атајмач“ инвестира во Илинден

Tурската компанија „Атајмач“ инвестира во Илинден

atajmac77

Камен-темелник за изградба на откупно дистрибутивен центар за земјоделски раноградинарски производи на турската компанија „Атајмач“, беше поставен во среда во општината Илинден.

Инвеститорот откупи од општината земјиште со површина од 87.000и м2, во индустриската зона Илинден.

“Чест ми е што денес можам да најавам нова странска инвестиција, како резултат на двегодишни преговори и поволните улови кои ги нуди РМ за водење на бизнис беше донесена одлука за инвестирање. На мое огромно задоволство сакам да истакнам дека се видливи резултатите од нашата работа и дека работиме на нови проекти кои во иднина ќе бидеме во можност да ги најавиме“, рече директорот на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида.

Со овој инвестициски проект се очекува креирање нови работни места, логистичка поддршка, индиректни вработувања и поврзување со домашни фирми – добавувачи, откуп на домашното производство, пласирање на домашни производи на странски пазари.

„Се работи за изградба на нов откупно-дистрибутивен и логистички центар во индустриската зона во Илинден.Инвестиција е вредна околу 5 милиони евра, со капацитет од 7.000 тони и со вработувања на околу 30, а за брзо време се очекува таа бројка да достигне до 100 луѓе“, рече Фида.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП