6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Жените во светот на технологијата

График на денот: Жените во светот на технологијата

mariska 353

Официјалната тема на Обединетите нации за Меѓународниот ден на жената за оваа година беше „Планета 50-50 до 2030-та година. Да се подготвиме за родовата еднаквост“.

Една индустрија сепак е прилично далеку на патот кон родовата еднаквост – технолошката индустрија. Додека уделот на жените од вкупната работна сила во САД постепено се покачува во последните децении до 46,8% во 2014-та година, овој процент е значително понизок во технолошкиот сектор.

Жените вработени сочинуваат помеѓу 27% (Microsoft) и 43% (eBay) од вкупните вработени во големите технолошки компании, а уделот им опаѓа многу повеќе, кога станува збор за вистински технолошки работни места.

Од гледна точка на лидерски позиции, жените во секторот на технологијата, како што е претставено во табелата за осум компании, се приближно на исто ниво со останатиот дел од економијата. Жените во моментов држат 25 отсто од извршната власт и менаџерските позиции во компаниите во составот на индексот „S&P 500“. Овој наслов е речиси ист и во технолошката индустрија, но е далеку од целосен паритет.

teh graf 33

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП