6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте бројот на патници во авиосообраќајот

Расте бројот на патници во авиосообраќајот

тајлер

Патувањето со авион е популарно меѓу патниците од месец јануари поради падот на цената на нафтата.

Падот на цената на нафтата ја поттикна побарувачката за услуги во авиопревозот на патници во јануари, укажувајќи на добриот почеток на уште една силна година за воздухопловниот сообраќај, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај.

Побарувачката за патување со авион, мерена според приходите по патнички километар, порасна во јануари оваа година за 7,1 проценти, додека пополнетоста на патничките кабини е зголемена за 1,1 проценти, наведе IATA во редовниот месечен извештај, пренесува Ројтерс.

„Во јануари е задржан силниот нагорен тренд на прометот на патници каков што беше забележан и во 2015 година, што покажува отпорност на побарувачката за комуникации, и покрај турбуленциите на берзите во последно време“, изјави генералниот директор на IATA Тони Тајлер.

Рекордната пополнетост на патничките кабини е резултат на силната побарувачка, продуктивното користење на имотот на авиокомпаниите и најновиот пад на цените на нафтата, додаде Тајлер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП