2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba ја разгледува можноста за продажба на бизнисот со медицинска опрема

Toshiba ја разгледува можноста за продажба на бизнисот со медицинска опрема

toshiba 3553

Одборот на директори на „Toshiba“ ќе одржи состанок на кој ќе разговара планираната продажба на одделот за медицинска опрема и се очекува да објави веста, ако успее да дојде до решение, пренесува „Ројтерс“.

По испитувањето на финансиските проблеми јапонска компанија најави дека се уште нема најдено купувач. Коментарот беше во одговор на информации на локалниот бизнис весник „Nikkei“ дека „Canon“ најверојатно ќе го купи делот за повеќе од 700 милијарди јени (6,2 милијарди долари).

Продажбата на „Toshiba Medical Systems“ има за цел да и помогне на „Toshiba“ по разоткривањето на сметководствениот скандал за 1,3 милијарди долари. Од друга страна, ваквата зделка би претставувала можност за конкурентите на компанијата да стават рака врз еден почитуван производител на опрема за диагноститика, вклучувајќи системи за магнетна резонанца.

Извори запознаени со прашањето, изјавиле за „Ројтерс“ дека наддавањето за единицата се претвори во трка меѓу две компании – „Fujifilm Holdings“ и „Canon“.

„Konica Minolta“, во партнерство со европската компанијата за удели во инвестирање „Permira“, исто така, покажуваат интерес кон единицата.

„Toshiba Medical“ е втор најголем производител на скенери во светот, со годишен приход во износ од 405,6 милијарди јени за фискалната година која заврши во март 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП