7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен старт на Германија, ги надмина сите прогнози

Силен старт на Германија, ги надмина сите прогнози

германија-пин

Германското индустриско производство силно порасна во јануари, покажувајќи дека моторот за развој на најсилната европска економија започна во 2016 година со цврсти перформанси.

И тоа покрај финансиските превривања кои го деморализираа бизнисот.

Производството во германската индустрија скокна за 3,3 проценти во јануари на месечно ниво, покажаа податоците на Министерството за економија, надминувајќи ја просечната прогноза на аналитичарите во анкетата на Ројтерс за 0,5 проценти, пренесува британската новинска агенција.

Производството на капитални добра беше посебна светла точка, бидејќи од производните ленти во Германија во јануари излезе за 5,3 проценти повеќе отколку во претходните месеци.

Градежниот сектор исто така забележа висок раст од 7,0 проценти на месечно ниво, наведува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП