6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на стихозбирката "Звезден корен" од Анте Поповски во македонскиот КИЦ во...

Промоција на стихозбирката “Звезден корен” од Анте Поповски во македонскиот КИЦ во Софија

звезден-корен

Промоција на стихозбирката “Звезден корен” од академик Анте Поповски ќе се одржи во среда вечер во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија.

Ова е прво самостојно дело на нашиот голем поет, преведено и издадено во Р. Бугарија. Изборот на песните и преводот се дело на бугарскиот поет и преведувач Роман Кисјов, а стихозбирката е во издание на бугарското книгоиздателство “Ерго”.

Со промоцијата на стихозбизбирката, започнува и јубилејното чествување, 85 години од раѓањето на Анте Поповски. За неговиот опус и стихозбирката “Ѕвезден корен” пред публиката во Софија ќе зборуваат, Васко Шутаров од име на македонскиот Центар и Министерството за култура на Р. Македонија кое финансиски ја поддржа реализација на преводот, Роман Кисјов кој направи избор и превод на делото, Мартин Христов, редактор и сопственик на книгоиздателството “Ерго”,а на промоцијата ќе бидат присутни и ќе се обратат членови на семејството на поетот.

Стихови ќе интерпретираат актерот Иван Калошев и режисерот Ѓорги Георгиев-Антика.

Промоцијата на стихозбирката на бугарски јазик од академик Анте Поповски е дел од годишната Програма на КИЦ на Р. Македонија во Софија а проектот е поддржан од нашето Министерство за култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП