7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБонусите на Волстрит лани намалени за 9 отсто

Бонусите на Волстрит лани намалени за 9 отсто

wall street

Просечните бонуси на Волстрит лани се намалени за 9 отсто, на 146.200 долари, но и натаму се значително повисоки од оние за време на финансиската криза, но и помали отколку што беа пред 10 години, покажа извештај на надзорните власти.

Рекордниот просечен бонус изнесуваше 191.360 долари, а е забележан во 2006 година.

Падот на бонусите минатата година произлегува од прилично лошата година за финансискиот сектор, кого многу подобра состојба не го очекува ниту во 2016 година. Добивката на брокерско-дилерските компании на берзата во Њујорк лани падна за 10,5 отсто, на 14,3 милијарди долари, покажуваат податоците на канцеларијата за надзор на пазарот на државата Њујорк. А акциите на банките забележале послаба изведба во текот на целата година, во споредба со акциите во останатите сектори.

Иако просечниот бонус лани беше намален, исплатите и натаму беа големи во многу подрачја, вклучувајќи ги и оние во хеџ фондовите или компаниите кои се занимаваат со советувања во врска со спојувања и аквизиции, велат стручњаците за надомести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП