20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Тетекс на врвот на добитничката листа

Акцијата на Тетекс на врвот на добитничката листа

makedonska-berza

По понеделничката објава од страна на Тетекс за исплата на дивиденда од 100,00 ден бруто по акција, резултатот од тргувањето на Македонската берза во вторникот беше раст на цената од 9,88 отсто.

Конкретно, беа истргувани 27 акции по цена од 723 денари.

Индексот МБИ-10 во вторникот заврши во минус за 0,45 отсто и затвори на 1.798,35 индексни поени.

На врвот на губитничката листа се најде акцијата на Макпетрол АД Акопје, со пад од 4,40 отсто.

Прометот изнесуваше приближно 4,1 милиони денари во кој процентуално најголемо учество зема акцијата на Комерцијална Банка АД Скопје со вкупен промет од 920 илјади денари.

За обврзниците во вторникот не постоеше никакава заинтересираност кај инвеститорите, па така тие изостанаа од дневната листа.

Вкупно се тргуваше со 18 хартии од вредност од кои 6 имаа пад на цената, 9 хартии имаа пораст на вредноста, додека 3 хартии не ја променија вредноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП