17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНадежите за координација на произведувачите ја кренаа нафтата над 41 долар

Надежите за координација на произведувачите ја кренаа нафтата над 41 долар

naftic 35

Цените на нафтата на меѓународните пазари повторно пораснаа во вторникот, поткрепени од надежите дека водечките светски произведувачи ќе преземат координирани мерки за да ги поддржат цените.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 59 центи во однос на затворањето на тргувањето во понеделникот кога заклучи со добивка од 2,12 долари, на 41,43 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 38 центи повисока цена отколку во понеделникот, по 38,28 долари. Вчера на американскиот пазар нафтата го заврши тргувањето со плус од 1,98 долари.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта – ОPEC објави дека цената на барел референтна нејзина кошничка нафта во понеделникот чинел 34,34 долари, што значи дека цената пораснала за 2 долара во однос на претходниот трговски ден.

Во понеделникот нафтените пазари беа катапултирани од веста дека латиноамериканските производители на нафта во петок ќе се сретнат во еквадорската престолнина Кито во рамките на настојувањата произведувачите да го сопрат надолниот тренд на цените. Позитивното влијание на таа вест имаше ефект и во вторникот врз расположението на нафтените пазари.

„Цената на нафтата повторно ја подигнаа очекувањата за растот на цените, или можеби изостанувањето на лошите вести“, го резимираше за Reuters расположението на пазарите Карстен Фритш од франкфуртската „Commerzbank“.

Од друга страна, нигерискиот министер за нафта го најави состанокот на членките на OPEC со Русија, кој според него ќе се одржи на 20-ти март.

Кувајтскиот министер за нафта истакна дека во вторникот неговата земја ќе го замрзне производството, доколку тоа го сторат сите производители, вклучително и Иран.

„Доколку не биде постигнат договор, ќе произведуваме со полн капацитет. И ќе го продаваме секој барел што ќе го произведеме“, порача преку медиумите во Кувајт Сити, министерот Анас ал-Салех. Додаде дека Кувајт во моментов произведува три милиони барели нафта дневно.

На страната на побарувачката, кинескиот увоз на нафатат скокнал во февруари за 19,1 отсто во однос на претходниот месец, достигнувајќи 31,80 милиони тони, и покрај воопшто слабите податоци за трговската размена изминатиот месец..

„За зголемувањето на увозот придонесе поголемата побарувачка на независните рафинерии и повеќето рафинериски мрежи. Поддршка пружи и намаленото домашно производство3, смета Вирендра Чухан од „Energy Aspects“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП