2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаглавени над 400 мигранти на Табановце

Заглавени над 400 мигранти на Табановце

migranti 33002

Вкупно 431 мигрант 24 часа се заглавени на Табановце, на ничија територија, на македонско-српската граница, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Според нивните информации, мигрантите ниту се пропуштаат во Србија, ниту се враќаат назад во Македонија, а причината се уште не е позната, бидејќи македонската полиција нема одговор од српските власти.

Илјадници мигранти чекаат од Грција да влезат во Македонија, и неизвесно е што ќе се случува со оглед на тоа што членките на ЕУ на самитот за мигрантската криза соопштија дека балканската рута веќе не постои.

Според последните информации од МВР, во Гевгелија има 30-40 мигранти и се пропуштаат онолку мигранти колку што примаат членките на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП