12 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложбата „Мост“ во Кавадарци

Изложбата „Мост“ во Кавадарци

kavadarci dom kultura 3355

Во вторник, со почеток од 19 часот, во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде отворена Меѓународната ликовна изложба „Мост“.

На изложбата ќе бидат претставени дела од уметниците Фехим Хусковиќ и Валентина Стефановска од Македонија и Зухал Арда и М.Захит Бујукишлијен од Турција.

Фехим Хусковиќ е роден 1967 год. во Велес (Македонија), средно уметничко училиште завршил во Скопје. Академија на ликовни уметности и постдимпломски студии завршил во класа на проф. Зоран Јовановиќ-Добрутин. Докторирал на областа на Педагогија и Методика за ликовна уметност на Универзитетот во Софија (Бугарија). Работи како професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Организирал 80 самостојни изложби и над 700 групни изложби во светот. Исто така учествувал на повеќе од 150 меѓународни колнии и симпозиуми низ светот. Добитник е на 25 награди од областа на цртеж, графика и сликарство. Неговите дела се наоѓаат во познати светски музеи и приватни колекции низ светот. Член е на повеќе здруженија и асоцијации, како и на член на БАНУ.

Валентина Каранфилова Стефановска е родена 1969 година во Скопје, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности Скопје, оддел вајарство во 2004 година. Постдипломските студии ги завршила во истата институција во 2008 година. Член е на ДЛУМ од 2004 година.

Во 1998 година е избрана за Жена менаџер на годината во Република Македонија.

Изложби: 2008 – Изложба во Салата “Борис Трајковски“ во Скопјепо повод 60 години од прогонот на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија; 2008 – Изложба во КИЦ скопје “Прекинат континуитет – избришано минато“; 2014 Меѓународна изложба “Скопје – Истанбул – Мост“ и др.

Изведба на Коњаник на Александар Македонски – 14,5 метри и Фонтана со пропратни фигури на Плоштад Македонија; Изведба на Порта Македонија; Изведба на Монументални фонтани со пропратни фигури и Филип втори од 13 метри; Фонтана во општина Гази Баба со коњаничка скулптура на Филип втори и многу други.

М.Захит Бујукишлијен е роден е 1946 година во Адана, средно завршил во Анкара. Академијата за ликовни уметности ја завршил во Кассел 1967 година. Докторирал во Истанбул – Мимар Синан универзитетот. Работи како професор на универзитетот за ликовни уметности во Хаџеттепе. Неговите цртежи се наоѓаат во приватни колекции низ светот и во музеи, има организирано 100 самостојни изложби.

Зухал Арда е родена е во Самсун. Високо образование завршила во универзитетот Селчук-Конја. Академијата за ликовни уметности ја завршила од 1996 до 2005 година. Член е во неколку организации. Организирала 15 самостојни изложби и учествувала на 100 групни изложби во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП