21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожно ублажување на долгот на Атина

Можно ублажување на долгот на Атина

grcija-eu-eu-grcija

Министрите за финансии на еврозоната ветија дека ќе го разгледаат ублажувањето на долгот на Атина, која е под голем притисок поради бегалската криза, изјавија официјалните претставници.

Претставниците на ЕУ и ММФ ќе пристигнат во Грција утре со цел да ја завршат анализата на програмата која може да и ги обезбеди на Атина неопходните средства, изјави комесарот на ЕУ за економски прашања Пјер Московиси.

„Многу сум среќен што претставниците на ЕУ и ММФ утре одат во Атина“, изјави Московиси по денешниот состанок на министрите за финансии на евроозната во Брисел.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го обезбеди во јули минатата година третиот пакет помош за Атина во вредност од 86 милијарди евра по шест месеци преговори.

Освен товарот од долгот Грција сега е и под голем притисок од бегалската криза откако за една година во земјата пристигнаа околу еден милион бегалци и мигранти.

Токму бегалската криза ги присили партнерите од еврозоната да го „омекнат“ својот став кон Атина, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП