20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАEврозоната го задржува својот раст во четвртиот квартал од 2015-та година

Eврозоната го задржува својот раст во четвртиот квартал од 2015-та година

European-Central-Bank33333

Бруто домашниот производ на еврозоната се зголеми за 0,3% во последниот квартал на минатата година на квартална основа, како и со 1,6% на годишна, посочија податоците на „Евростат“.

БДП-то на земјите од ЕУ се зголеми за 0,4% на квартална и со 1,8% на годишна основа во текот на последните три месеци од минатата година, посочи уште статистиката. Истиот раст беше забележан и во третиот квартал на изминатата година – односно 0,3% за еврозоната и 0,4% за ЕУ ​​на квартална основа.

Со мало задоцнување, сепак бележи раст на годишна основа, кој е при ниво од 1,6% за еврозоната и 1,9% за земјите од ЕУ. За целата измината година растот на еврозоната е 1.6%, додека оној на 28-те земји членки на ЕУ изнесуваше 1,9%. Година порано растот во двата региона е соодветно 0,9% и 1,4%.

Најголем раст во последниот квартал на минатата година на квартална основа регистрираше економијата на Шведска (1,3%), проследена со Естонија (1,2%) и Романија и Полска со 1,1%. Контракција регистрирале економиите на Хрватска (-0.5%), како и на Латвија (-0.3%).

Потрошувачка се зголемила за 0,2% во еврозоната и со 0.4% во ЕУ во последните три месеци од годината. Долгорочните инвестиции се зголемиле односно со 1.3% во еврозоната и со 1.1% во ЕУ. Извозот е зголемен за 0.2% во еврозоната и со 0.5% во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП