17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија со грант од 302.020 евра ќе помогне во реализација на пет...

Јапонија со грант од 302.020 евра ќе помогне во реализација на пет проекти во Македонија

grant 3335

Амбасадата на Јапонија во Виена потпиша пет грант договори кои ќе обезбедат вкупно 302.020 евра помош за пет проекти во Македонија.

Два од проектите се однесуваат на реновирање со цел да се закрепне од штетите нанесени од поплавите во 2015 година и два проекта со помош за моменталната бегалска/мигрантска криза.

Проектите се финансирани од програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти“ (Grant Assistance for Grassroots Human Security Projects (GGP)) основана од Владата на Јапонија.

Помошта се однесува на Проект за реновирање на подрачното основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ во село Горни Подлог во Општина Кочани, Проект за реновирање на Здравствена станица во село Двориште во Општина Берово, Проект за подобрување на управувањето со цврст отпад во Општина Кривогаштани, Проект за рехабилитација и обнова на медицинска опрема во Општа болница Гевгелија и Проект за подобрување на управувањето со цврст отпад во Општина  Куманово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП