26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо Франција повеќе мобилни броеви од жители

Во Франција повеќе мобилни броеви од жители

045110-france-new-year-paris

Бројот на претплатници во француската мобилна телефонија продолжи да расте и во 2012-та година, но вкупниот приход на операторите бележи пад.

Според информациите ги објави Агенцијата за електронски комуникации, бројот на клиенти во мобилната телефонија во 2012-та година изнесувал 73.1 милиони, што е зголемено за шест проценти во однос на 2011-та година. Стапката за мобилната покриеност во Франција достигна вредност од 112.1 проценти. Интересен е фактот дека околу 65 милиони жители кои ги има Франција, бројот на активни телефонски броеви е поголем од жители.

Во исто време приходите на операторите без данок се искачиле на 39 милијарди евра, што претставува пад од 4.4 проценти во однос на една година претходно.

Интезитетот за користење на мобилните мрежи продолжи да расте и во 2012-та година со зголемување од 70 проценти во четвртиот квартал за разлика од 2011-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП