17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВолстрит порасна петти ден по ред

Волстрит порасна петти ден по ред

Wall-Street1

На њујоршки Волстрит во понеделникот индексите Dow Jones i S&P 500 пораснаа петти ден по ред, што во прв ред дојде благодарејќи на јакнењето на енергетскиот сектор по силниот скок на цените на нафтата.

Така индексот Dow Jones зајакна за 0,40 отсто, на 17.073 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,09 проценти, на 2.001 поен, а, пак, Nasdaq индексот падна за 0,19 отсто, на 4.708 индексни поени.

Индексот S&P 500 во понеделникот, првпат по 5-ти јануари, се протна над психолошки важното ниво од 2.000 поени, а неговиот подем петти ден по ред дојде благодарејќи најмногу на силниот раст од цените на акциите во енергетскиот сектор.

Овој сектор зајакна за 2,4 отсто, бидејќи цените на нафтата на американскиот пазар во понеделникот скокнаа за повеќе од 5 отсто. Цените на нафтата на американскиот пазар порасна за околу 40 отсто откако во февруари потона на најниските нивоа во последните 12 години, и тоа е главниот придвижувач на пазарите на акциите последните седмици.

S&P индексот на енергетскиот сектор скокна за повеќе од 2 отсто, откако кон половината на јануари потона на најниското ниво во оваа година под влијанието на стравувањето на вложувачите од последиците од забавувањето на растот на глобалната економија.

Се смета дека цените на нафтата го допреа дното и дека тоа го поддржува закрепнувањето на енергетскиот сектор. Меѓутоа, се истакнува дека е тешко да се очекува натамошен значителен раст на цените на акциите, бидејќи сезоната на објавувањето на кварталните деловни извештаи заврши, па има помалку вести кои би можеле да го поттикнат пазарот.

Од друга страна, пак, поддршката на пазарите им даваат податоците кои укажуваат за на забрзувањето на растот на американската економија, по забавувањето во последниот лански квартал.

И додека енергетскиот сектор во понеделникот силно порасна, технолошкиот остро падна. Цените на акциите на технолошките гигант, како што се Apple, Microsoft, Alphabet иi Facebook, паднаа меѓу 1,1 и 2 отсто, што е главната причина за падот на Nasdaq индексот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП