2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да доживеете 100-ка хранејки се здраво

Како да доживеете 100-ка хранејки се здраво

blu

Новата книга под називот “The Blue Zones Solutions” нуди решенија како со помош на исхраната да доживеете долговечност и добро здравје.

Авторот на книгата, Ден Бутнер проучувал пет области, таканаречени “плави зони”, односно поднебја каде се забележани голем број случаеви на стогодишници.

Тие очигледно ја кријат својата мистерија во врска со тоа што нивните жители ги прави долговечни, а се претпоставува дека во прашање е начинот на исхрана.

Еве кои намирници се карактеристични за овие поднебја:

Икарија, Грција: Компир, козјо млеко, мед, мешумки, зеленчук, лимун, фета сирење, овошје и мали количини на риба.

Окинава, Јапонија: Горчлива диња, тофу, лук, кафеав ориз, зелен чај, шитаке печурки.

Сардинија, Италија: Козјо млеко, овчо сирење, домашен леб, јачмен, анасон, грав, леблебија, домати, бадем, вино.

Лома Линда, Калифорнија: Тофу, авокадо, лосос, ореви, мешумкасти плодови, овес, интегрален леб, соино млеко.

Костарика: Јајца, ориз, грав, пченка,тиква,папаја, благ компир, банани, праски.

Освен намирниците кои преовладуваат на менито на стогодишниците, тука се и некои совети кои се препорачуваат во книгата:

-за да избегнете дебелеење, престанете да јадете кога стомакот ви е полн 80 проценти

-најмалиот оброк во денот јадете го последен или навечер

-јадете воглавно зеленчук, особено мешумкаст. Месо јадете ретко, во мали порции околу 100 грама. Луѓето од “плавите зони” јадат порции од оваа големина во просек пет пати месечно.

-алкохол пиете умерено, една до две чаши вино дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП