2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМажите ќе заработуваат подобро од жените уште најмалку седум децении

Мажите ќе заработуваат подобро од жените уште најмалку седум децении

mazi-zeni

Мажите подобро ќе заработуваат од жените уште најмалку седум децении ако платните разлики меѓу половите продолжат да се намалуваат со сегашното темпо, соопшти во понеделник во Женева Меѓународната организација на трудот.

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, оваа организација на ОН објави извештај во кој истакнува дека „жените сега во просек заработуваат 23 отсто помалку од мажите“.

Во светски рамки, стапката на невработеност на мажите е 72 отсто, додека кај жените само 46 отсто. Овој јаз е намален за само 0,6 отстотни бодови во последните 20 години.

„Во последните две децении жените значително го подобриле својот образовен профил, но тоа не резултираше со нивна подобра позиција на работа“, се наведува во извештајот.

Жените повеќе работат во домаќинството и повеќе се грижат за децата од мажите, така што многу од нив не работат со полно работно време и заработуваат помалку, велат стручњаците на Меѓународната организација за труд.

Овие фактори, заедно со фактот дека многу жени се согласуваат да работат ‘на црно’ и полошо платени работи, доведува до големи полови разлики во примањата во постарата животна возраст.

Околу 200 милиони жени на постара возраст ширум светот живеат без редовна пензија, во однос на 115 милиони мажи, извести Меѓународната организација на трудот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП