
Првиот трговски ден за оваа трговска недела заврши со благ пораст на двата индекса.


Првиот трговски ден за оваа трговска недела заврши со благ пораст на двата индекса.
Конкретно, МБИ10 порасна за 0,14 отсто од својата вредност и заврши на 1.806,40 индексни поени, додека ОМБ заврши со раст од 0,54 проценти, при релативно скромен промет од 3,2 милиони денари.
Обврзниците учествуваа со 13 отсто во вкупниот промет, а се тргуваше со обврзниците од денационализација РМДЕН14 и РМДЕН08.
Кај акциите најбарана беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со промет од 889 илјади денари, а веднаш по неа следеа акциите на Комерцијална и Охридска Банка.
Соодноост помеѓу добитниците и губитниците беше во полза на добитниците, односно 13 наспроти 4, додека 4 хартии од вредност немаа промена на вредноста.
Најголем пораст забележаа акции на ЗК Пелагонија и Витаминка Прилеп, додека губитници на денот се Топлификација АД Скопје и Тутунска Банка АД Скопје со пад од 4,31, односно 0,53 отсто.
Објави на финансиските извештаи во понеделникот имаа Реплек АД Скопје, Тетекс АД Тетово, Струмичко поле АД и ГД Тиквеш АД Кавадарци.