17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ на Турција треба да ѝ донира дополнителни три милијарди за мигрантите

ЕУ на Турција треба да ѝ донира дополнителни три милијарди за мигрантите

еу-турција

Европската унија и Турција би можеле да соработуваат на запирање на приливот на мигрантите на грчките острови и да започнат преселување на сириските бегалци од Турција во земјите на ЕУ, којашто за фонд за хуманитарна помош и развојни проекти за сириските бегалци во Турција би издвоила дополнителни три милијарди евра, покрај истата сума договорена ланскиот ноември, или двојно повеќе отколку што беше првично планирано, се наведува во нацрт договорот во кој во понеделникот увид имала агенцијата Reuters.

Европската унија, според предлогот од договорот кој треба да се постигне на самитот ЕУ-Турција кој во понеделникот се одржува во Брисел, целосно ќе ги евакуира мигрантите од грчките острови и ќе ги врати во Турција само оние коишто пристигнале на островите по датумот кој дополнително ќе се одреди, а ќе ги покрие и сите трошоци настанати во текот на процесот на реадмисија.

Турција со тоа би требала да ги прими назад сите нерегуларни мигранти кои од таа земја пристигнале на грчките острови и таа постапка на реадмисија ќе биде за привремен период и исклучително во хуманитарни цели. За возврат, ЕУ би се обврзала потоа да презема директно од Турција по еден сириски бегалец за секој Сириец кој со реадмисија ќе биде вратен од грчките острови на турска територија.

Анкара би требало, во договор со владата во Атина, да распредели соодветен број офицери за врска во „набљудувачките единици за нерегуларната миграција“ на островите Лезбос, Хиос, Самос, Лерос и Кос, за да помогне во процесуирањето на случаите на реадмисија.

Во врска со распоредувањето на Сиријците во членките на ЕУ, врз основа на формулата „за еден Сириец кој со реадмисија е вратен од грчките острови во Турција, еден Сириец ќе биде релоциран во ЕУ“, од Турција се очекува ефикасна соработка со ЕУ и со Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Европската унија би ја забрзала исплатата на помошта за сириските бегалци и би одлучила за дополнителна помош од три милијарди евра за Турција до крајот на 2018 година.

Како што наведува Reuters, Брисел ќе ја усвои и спроведе одлуката на Европскиот совет за укинување на визниот режим за турските државјани во Шенгенската зона, најдоцна до јуни 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП