10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата пораснаа, но не е сигурно долгорочното закрепнување

Цените на нафтата пораснаа, но не е сигурно долгорочното закрепнување

nafta33

Цените на нафтата на меѓународните пазари во понеделникот пораснаа со што надоместија околу третина од загубите од најниските годинешни нивоа, но некои аналитичари сметаат дека сé уште е проблематично нивното долгорочно закрепнување.

На лондонскиот пазар цената на барелот за испораките во април порасна во понеделникот за 65 центи во однос на затворањето во петокот, и изнесуваше 39,37 долари. Во јануари овие цени беа најниските од 2003 година. На американскиот пазар со барелот сирова нафта се тргуваше, исто така, за 65 центи повисока цена отколку во петокот, и 40 отсто над најниските нивоа во февруари, од 36,57 долари.

Цените на нафтата така го продолжија подемот откако во петокот барелот поскапе во Лондон за 1,65 долари или за 4,5 отсто, а на американскиот пазар за 1,35 долари или 3,9 отсто. Во целата мината седмица цената на барелот на двата пазара скокна за околу 10 отсто.

Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) во понеделникот објави дека цената на барелот на референтната кошничка нејзина нафта во петокот изнесувала 32,34 долар, односно пораснала за 73 центи во однос на претходниот трговски ден.

Податоците објавени кон крајот на минатата седмица покажаа дека американските компании повторно го намалиле бројот на нафтените платформи, веќе 11-та седмица по ред, на најниското ниво од декември 2009 година, имајќи предвид дека производителите ги намалуваат своите трошоци. Сепак, некои аналитичари предупредуваат дека сé уште постои уште доволно количество на пазарот коешто би можело повторно да ги притисне цените на нафтата.

Кина ја ограничи својата енергетска потрошувачка до 2020 година, што е првпат втората според обемот светска економија да постави цели кои го доведуваат ви прашање растот на нејзината потрошувачка. Кинескиот Национален конгрес го започнува оваа седмица своето годишно заседавање од кое се очекуваат низа економски проекции.

Трговците затоа сметаат дека само промената на пазарниот сентимент му одеше на рака на растот на цените на нафтата, откако беа запрени големите распродажби. Се смета дека постои голема можноста цената на барелот на лондонскиот пазар да достигне 40 долари, можеби уште во вторникот. Но техничките аналитичари укажуваат дека графиконите покажуваа на можно завршување на подемот на цените на нафтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП