10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономистите се поделени за политиката на ФЕД

Економистите се поделени за политиката на ФЕД

elen 3353

Мнозинството економисти во САД очекуваат Федералните резерви на САД да ја зголемат каматната стапка во оваа година.

Студијата на Националната асоцијација на бизнис економистите, установила дека 75 проценти од испитаниците очекуваат Федералната комисија за отворениот пазар (FOMC) која е дел од ФЕД да ја зголеми каматната стапка над сегашното ниво до крајот на 2016-та година. Податоците се речиси идентични со резултатите од таква анкета, направена во август.

Околу 39 проценти очекуваат две зголемувања на основната камата во оваа година, а 17 проценти прогнозираат три или повеќе зголемувања.

Потсетуваме дека ФЕД ја крена главната каматна стапка, која беше на рекордно ниско ниво, во декември и даде сигнал за евентуално уште четири зголемувања во 2016-та година.

Немирните финансиски пазари и знаците за светска слабост фрлија сомнеж врз изгледите за нови зголемувања на каматните стапки.

Повеќето економисти ја оценуваат сегашната фискална политика како премногу ограничена.

Вкупно 41 проценти од испитаниците го имаат ова мислење во однос на 29 проценти во август. Уделот на економистите кои сметаат дека политиката е сосема оправдана е намален од 46 на 38 проценти.

Студијата ги обединува одговорите на 252 члена на Националната асоцијација на бизнис економистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП