18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтоковата размена со странство над 1,5 милијарда долари

Стоковата размена со странство над 1,5 милијарда долари

germanija-izvoz

Вкупната стокова размена на Македонија во првите два месеци од годинава изнесувала 1.594.204 илјади американски долари, при што вредноста на извозот изнесува 612.530 илјади американски долари, а увозот 981.674 илјади американски долари. Покриеноста на увозот со извозот е 62,4 проценти, а трговскиот дефицит изнесувал 369.144 илјади американски долари, објави Државниот завод за статистика.

Во овој период Македонија најмногу извезувала катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникел, производите од железо и челик (валани производи), облека и преработки од нафта. Во делот на увозот најмногу влегле суровата нафта, платина и легури на платина, необработени или во прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Статистиката покажува дека најголем извоз имаме со земјите од ЕУ каде се извезени 71,8 отсто од стоките и земјите од Западен Балкан каде се извезле 18,3 проценти. Во првите два месеци од годината најмногу сме увезувале стоки од ЕУ, односно 57,4 отсто од увезените стоки. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу или 48,5 отсто од вкупната размена ја направила со Германија, Велика Британија, Србија, Бугарија и Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП