19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрад Скопје: Универзална сала ќе се догради и прошири според проект од...

Град Скопје: Универзална сала ќе се догради и прошири според проект од пред осум години

univerzalna

Објектот на Конгресен Центар Александар Македонски (Универзална сала) ќе се догради и прошири врз основа на идејното решение избрано пред 8 години, а изработено од „Архангел бојс“.

Ова се вели во реакцијата на Град Скопје во понеделник, откако викендов се појавија шпекулации во врска со наводното идејно решение за реконструкција и надградба на Универзалната сала, за кое граѓанската иницијатива „Прва Архибригада“ тврди дека е изработено од скопскиот бизнисмен Зоран Илиев Роџер.

„Во наредниов период, ќе биде неопходно допроектирање со дополнителни содржини и други елементи, но во основа, проектот ќе остане ист“, се вели во реакцијата ан Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП