18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеконструкција на водоводна мрежа на улица 1 во село Долно Лисиче

Реконструкција на водоводна мрежа на улица 1 во село Долно Лисиче

vodovodna-cevka

Министерството за транспорт и врски во соработка со општина Аеродром распиша јавен повик за избор на градежна фирма за реконструкција на водоводна мрежа на улица 1 во село Долно Лисиче, општина Аеродром.

Реконструкцијата опфаќа замена на водоводната мрежа на главната линија во должина од 1.450 метри, како и секундарни приклучоци на главната мрежа во должина од 3.210 метри.

Проценетата вредност на оваа инвестиција е 22,6 милиони денари, од кои 13,7 милиони денари се обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски, а 8,9 милиони денари се обезбедени од општина Аеродром.

Проектот за реконструкција на водоводната мрежа во Долно Лисиче е дел од проектот на Владата на Р.М за водоснабдување и одведување на отпадни води што Министерството за транспорт и врски го реализира во соработка со Европската инвестициска банка низ сите 84 општини во Република Македонија.

Во рамките на овој проект во тек на реализација се 23 проекти во 20 општини, инвестиција вредна 7,1 милион евра, а до сега реализирани се 42 проекти во 37 општини, инвестиција вредна 12,4 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП