ПочетнаЕКОНОМИЈАНов месечен пад на фабричките нарачки во Германија

Нов месечен пад на фабричките нарачки во Германија

industrisko proizvodstvo eu

Фабричките нарачки во Германија се намалиле за втор месец во јануари, што е уште еден симптом за одложување на најголемата европска економија.

Нарачките се намалиле за 0,1% на месечна основа во јануари, во позадината на падот од 0,2% од еден месец порано, посочи официјалната германска статистика. Резултатот сепак се покажа подобар од просечните прогнози на аналитичарите за намалување од 0,3%.

На годишна основа фабричките нарачки се зголемиле за 1,1%. И додека германската економија има корист од рекордно најниската невработеност во земјата, таа се забавува во резултат на негативни надворешни фактори, меѓу кои е забавувањето на кинеската економија. Загриженоста за обнова на економијата на еврозоната е уште еден фактор кој натежнува над претставувањето на водечката европска економија.

Инфлацијата во Германија се намали до минус 0,2% во изминатиот месец, што е најниска нејзината вредност по повеќе од една година. Во еврозоната, исто така беше забележана дефлација од 0,2%. Очекувањата се дека заканата од дефлација ќе ја принуди „ЕЦБ“ да ги зголеми стимулациите и да ја намали дополнително основната каматна стапка при средбата на финансиската институција во овој четврток.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП