22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте дефицитот на Канада

Расте дефицитот на Канада

kanada

Канада ја започна 2016 година со благ раст на извозот, кој сепак го надмина скокот на увозот, што резултираше со зголемување на трговскиот дефицит.

Дефицитот скокна на 655 милиони канадски долари (488 милиони американски долари), соопшти Владата во Отава.

Надворешно-трговскиот дефицит е проширен во споредба со ревидираниот износ на дефицитот за декември минатата година од 631 милиони канадски долари (470 милиони американски долари), пренесува агенцијата АФП.

Канадската агенција за статистика соопшти дека извозот пораснал за 1,0 проценти во јануари на 46 милијарди канадски долари, додека увозот е зголемен за 1,1 процент на 46,7 милијарди.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП