18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги демантира црните прогнози

Кина ги демантира црните прогнози

kina-rasrt

Водечкиот кинески претставник за планирање, Су Шаоши, изјави дека е невозможно економската активност да започне нагло да забавува по периодот на силен раст.

Тој даде уверување дека Кина ќе придонесе за глобалниот економски раст, кој нема да го кочи.

Су, директорот на Националната комисија за развој и реформи, изјави дека кинеската економија има внатрешна флексибилност и способност да му се спротивстави на ризикот и дека нема да постои наголо паѓање.

„Можам да кажам дека кинеската економија апсолутно нема да има тешко слетување. Т.н предвидувања за нешто такво дефинитивно нема да се остварат“, изјави Су.

Кинескиот економски раст забави минатата година на 25-годишен минимум од 6,9 проценти, но Су изјави дека тој е и понатака меѓу највисоките стапки на раст во светот.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг во извештајот на годишниот народен Конгрес изјави дека властите одредиле цел за економсиот раст од 6,5 до седум проценти за оваа година. Су изјави дека Кина ќе остане стабилна и покрај превирањата на глобалната економија.

„Многу сме сигурни во изгледите за развој. Нашиот придонес во глобалната економија е многу очигледен и понатака сме водечки мотор за растот во светската економија“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП