18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо неделата во Македонија влегле 375 мигранти

Во неделата во Македонија влегле 375 мигранти

migrantite 663

Во неделата во Македонија влегле вкупно 375 мигранти, од кои 115 од машки и 91 од женски пол, како и на 168 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште едно дете кои патува без придружба на родител, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Според државјанството, потврди се издадени на 334 државјанин на Сирија и 41 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Од Нова година досега издадени се потврди на вкупно 89.491 странски државјани, од кои 35.347 се од машки пол, 19.584 се од женски и 34.334 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, 44.611, Авганистан, 26.546 и Ирак, 18.331.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП