9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ќе падне во рецесија, 100 %!

САД ќе падне во рецесија, 100 %!

american_recession333

Инвеститорот Џим Роџерс верува дека е веројатно економијата на САД да падне во рецесија во наредните 12 месеци. Во интервјуто за „Блумберг“, овој познат милијардер рече дека веројатноста дека САД ќе падне во рецесија оваа година изнесува – 100 проценти.

„Минаа седум-осум години откако ја имавме последната рецесија во САД и нормално, историски ја имаме на секои четири до седум години, од било кои причнии, но таа секогаш се случува. Доколку мислите дека не мора секогаш да се случи за четири до седум години, погледнете го долгот, тој е огромен“, смета тој.

Повеќето економисти од „Волстрит“ гледаат многу помали шанси за рецесија во САД во овој период, квотите обично се движат под 33 отсто.

Роџерс не беше сигурен кога говореше за можните причини за рецесијата, но тврди дека забавената или економиите кои што забавуваат, како што се Кина, Јапонија и еврозоната, значи дека постојат многу можни канали за „зараза“.

Поранешниот партнер Џорџ Сорос им предложи на инвеститорите да ги погледнат вистинските факти и да ги видат знаците дека економијата на САД веќе е разнишана.

„Не ги гледајте бројките кои ги соопштуваат властите, посветете внимание на реалните бројки“, советува тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП