4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ќе го намали буџетот за одбраната за 5 отсто

Русија ќе го намали буџетот за одбраната за 5 отсто

rusija-odbrana

Рускиот буџет за одбраната ќе биде намален за 5 отсто во 2016 година, изјави заменичката на рускиот министер за одбрана, Татјана Шевцова.

Трошоците за одбрана растеа во рамките на настојувањата на претседателот Владимир Путин да го модернизира застареното вооружување, начинот на дејствување на војската и да ја обнови руската воена моќ. Одлуката за намалувањето, пак, покажува дека ниту вооружените сили нема да бидат поштедени во настојувањата да се стабилизира руската економија која е ослабена од остриот пад на цените на нафтата на светските пазари и западните санкции.

Со намалувањето од 5 отсто, доколку го одобри претседателот Путин, тоа ќе биде најголемото намалување на финансирањето на обраната откако тој се појави во власта во 2000 година,

Во 2011 година, додека беше премиер, Путин ги објави плановите за модернизирање на руската армија и нејзината застарена опрема со вложувања на 23 трилиони руби до 2020 година. Тогаш тоа изнесуваше 770 милијарди американски долари, а денеска само 320 милијарди долари.

Кастрењата претставуваат своевидна победа на министерството за финансии, кое тврди дека Русија не може да се дозволи модернизација на војската од стотици милијарди долари и побара намалување на трошоците на сите министерства за 10 отсто.

Руската економија во минатата година се намалила за 3,7 отсто, а годинава се очекува пд од 1 процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП