19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Дневникот на една тинејџерка“ победник на белградскиот ФЕСТ

„Дневникот на една тинејџерка“ победник на белградскиот ФЕСТ

fest-mest

За најдобар филм во главната натпреварувачка програма на 44-то издание на белградскиот филмски фестивал ФЕСТ прогласен е филмот „Дневникот на една тинејџерка“ во режија на Мариеала Хелер.

Во неделата вечерта беа прогласени најдобрите филмови на ФЕСТ и доделени официјалните награди во трите натпреварувачки селекции: Главната програма, националната селекција Српски филм (и малцинските копродукции) и Граници, а доделени беа и наградата на жирито Небојша Ѓукелиќ, наградата што ја доделува дневниот весник Политика – Милутин Чолиќ, и на градата на жирито ФЕДОРА.

Признанието Белградски победник за најдобар филм во националната селекција му е доделена на филмот „Влажност“ во режија на Никола Љуца, во продукција на Наташа Дамјановиќ и Владимир Видиќ, а наградата ја додели жирито со коешто претседаваше актерот Драган Бјелогрлиќ, а за наградите одлучуваа и Вук Ршумовиќ, Космина Стратан, Невио Марасаовиќ и Бернд Будер.

Белградски победник за најдобар филм во малцинска српска копродукција ја освои филмот на хрватскиот режисер Зринко Огреста „Од онаа страна“. Огреста, исто така, ја освои и наградата за најдобра режија.

Наградата за најдобро актерско остварување ѝ припадна на хрватската актерка Лана Бариќ за улогата во филмот „Ти мене ме носиш“ во режија на Ивона Јука.

Наградата за најдобро сценарио ја освои Рамин Бахрани за филмот „99 домови“, а титулата најдобра актерка ѝ припадна на Бел Паули за филмот „Дневникот на една тинејџерка“, додека според оцената на жирито најдобрата машка улога ја остварил Мајкл Шенон во филмот „99 домови“.

Годинешниот ФЕСТ официјално беше затворен со проекцијата на српскиот филм „Процеп“ на режисерот Дејан Зечевиќ, првиот српски СФ научно-фантастичен филм, конципиран, како што велат авторите, да се пласира на светскиот пазар. Продажбата во Азија веќе започнала, а домашната публика во кината ќе може да го види дури од 28-ми април.

Во текот на фестивалот кој беше отворен на 2-ри февруари, беа прикажани повеќе од 110 филмови, од кои над дваесет режисерски дебитантски остварувања.

Во главната натпреварувачка селекција беа прикажани 15 филмови од Франција, Иран, Германија, Унгарија, Норвешка, Израел, Мексико, Виетнам, Италија, Хрватска, Гватемала, Бугарија и САД.

Годинашното издание на ФЕСТ, кое го отвори славната шпанска актерка Викторија Абрил, се одржуваше под мотото „Ги бриши границите“, а организаторите одлучија на верната публика да ѝ подарат уште ден фестивалски ден, па во понеделник ќе се одржи ПостФестум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП