ПочетнаЕКОНОМИЈАХЕЦ Шпилје за два месеци произведе 55 милиони квч електрична енергија

ХЕЦ Шпилје за два месеци произведе 55 милиони квч електрична енергија

shpilje

Поволните хидролошки услови придонесоа нивото на Дебарското езеро да биде на највисоката кота, а за само два месеци во хидроцентралата Шпилје, да се произведат околу 2о отсто од годишниот план за производство на електрична енергија.

Според претставници на ЕЛЕМ, во јануари и февруари во хидроцентралата Шпилје кај Дебар се произведени околу 55 милиони киловат часови електрична енергија.

Дотокот на вода во езерото од реките Радика и Црн Дрим, но и од неколкуте реки од Жупа кои се влеваат во Дебарското езеро изнесува над 60 метри кубни вода во секунда.

Резервите на вода во дебарското езеро за производство на електрична енергија  изнесуваат над 32 милиони киловатчасови електрична енергија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП