18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПроекција на видеа од концертите на Симфонискиот оркестар на ФМУ во 2004...

Проекција на видеа од концертите на Симфонискиот оркестар на ФМУ во 2004 и 2005

orkestar44

По повод педесетгодишнината на Факултетот за музичка уметност во Скопје, одделот и насоката за сонологија со мултимедија при овој факултет започнува со емитување на видеа снимени од студентите и професорите на овој оддел. Првата проекција ќе се одржи во денес (понеделник) 7 март во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, со почеток во 13:30 часот.

Првите две видeа ќе ги претстават концертите на Симфонискиот оркестар на ФМУ под диригентската палка на професорот Саша Николовски во 2004 и 2005 година. На програмата на овие концерти се делата: „Водич низ оркестарот за младите – Варијации и фуга на тема од Персл“ од Бенџамин Бритн, „Слики од изложбата од Мусоргски-Равел“, „Концерт за пијано и оркестар“ од Морис Равел и „ Симфонија во де-мол“ од Цезар Франк. Како солист на пијано настапува Кристина Светиева, тогаш студент, а денес доцент на ФМУ.

Во следните проекции, кои во текот на оваа година ќе се одржуваат еднаш месечно, ќе бидe прикажан дел од богатата продукција на аудио и видео снимки од концертите на студентите, професорите и ансамблите на ФМУ, настапи на други ансамбли, портрети на важни музички личности и друг документарен материјал.

Со овие проекции ќе биде одбележена и 15-годишнината од започнувањето на наставата на одделот и насоката за сонологија со мултимедија при ФМУ кои ја водат професор Димитрије Бужаровски и доцент Трена Јорданоска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП