19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајголемото знаме во светот чини 70.000 долари

Најголемото знаме во светот чини 70.000 долари

Uruguay Mexico Soccer Copa Libertadores

Навивачите на фудбалскиот клуб Национал на средбата од Копа Либертадорес против мексиканскиот Толукан на трибините на својот стадион Центрарио де Монтевидео го развиорија најголемото знаме во светот.

Знамето со должина од 600 метри и ширина од 50 метри или вкупно 30.000 м2 покри најмалку три трибини од стадионот, a беше направено со клупските бои на Национал,сина, бела и црвена боја.

Оваа изработка ја финансирале 5.000 навивачи чии имиња се напишани на знамето, а за да успеат да го направат овој проект тие потрошиле 70.000 долари.

Симпатизерите на Национал се одлучиле да го направат ова знаме се со цел да одговорат на провокацијата од навивачите на нивниот најлут ривал Пенерола кои пред две години изработија знаме од 15.000 м2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП