26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАSNB ја забележа досега најголемата загуба

SNB ја забележа досега најголемата загуба

svic banka ee

Швајцарската централна банка објави дека во 2015-та ја забележала најголемата загуба во својата историја.

Зајакнувањето на швајцарскиот франк ја намали вредноста на големото девизно портфолио на банката.

Швајцарската национална банка (SNB) минатата година изгубила 23,3 милијарди франци (23,4 милијарди долари), со што беа потврдени прелиминарните податоци објавени во јануари.

Загубата врз основа на девизните позиции изнесува 19,9 милијарди франци, додека вредноста на златните резерви на банката се намалени за преку 4 милијарди франци, што е далумно неутрализирано низ растечката вредност на резервите на банката во франци.

„SNB“ во јануари минатата година ги изненади светските пазари, така што го укина долниот лимит на курсот на франкот од 1,20 за едно евро, што доведе до силно јакнење на швајцарската валута, која минатата година беше за десет проценти посилна во однос на еврото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП