22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Силен раст на бројот на нови работни места во февруари

САД: Силен раст на бројот на нови работни места во февруари

сад-сад0дддд

Темпото на вработување во Соединетите Американски Држави во февруари забрза, што е најјасниот показател за силата на пазарот на труд кој би можел да и овозможи на американската Управа за федерални резерви (ФЕД) постепено зголемување на каматните стапки во оваа година, пренесува Ројтерс.

Во САД во февруари се отворени 242.000 нови работни места, додека стапката на невработеност се задржала на осумгодишниот минимум од 4,9 проценти, соопшти американското Министерство за труд.

Во декември и јануари, во економијата на САД, како што се вели во соопштението, се отворени за 30.000 работни места повеќе отколку што беше првично соопштено.

Економистите кои ги анкетираше Ројтерс прогнозираа зголемување на вработувањата од 190,000 во февруари, и стабилна стапка на невработеност.

Во малопродажниот сектор минатиот месец се отворени 54,900 работни места, додека во рестораните и кафулињата се ангажирани 40,200 нови работници, наведува американската агенција АП.

Со поголемите ангажирања на работници во градежниот и малопродажниот сектор се наутрализирани отпуштањата во преработувачкиот и енергетскиот сектор, кои беа под притисок поради неизвесноста во Кина, забавувањето на европската економија, падот на цената на нафтата и силниот долар.

Најновите податоци за вработувањето, како што оценува Ројтерс, се доказ за економијата на САД зема замав, по забавувањето на растот на БДП на 1,0 проценти во последниот квартал од 2015 година.

Силниот пазар на труд и подобрувањето на перспективите за економскиот раст на САД би можеле, како што наведува Ројтерс, да ја поттикнат ФЕД во јуни да ги зголеми трошоците за задолжување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП