29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEmirates го реализираше најдолгиот комерцијален лет во историјата

Emirates го реализираше најдолгиот комерцијален лет во историјата

emi 33

Авиокомпанијата „Emirates“ изврши лет, кој се смета за најдолгиот комерцијален лет без застанување. Тој е извршен со „Ербас А380“ и бил од Дубаи до Окленд или вкупно 14.200 км. Со ова се надминува постигнувањето од 2014-та година на „Qantas“ за лет од 13.800 километри меѓу Сиднеј и Далас, соопштува британското издание „Гардијан“.

Новиот рекорден лет се смета и за најдолгиот во историјата – патниците требало да поминат во авионот 17 часа и 15 минути по спротивната рута – од Окленд до Дубаи.

Весникот посочува дека сепак овој рекорд ќе има краток животен рок, бидејќи „Emirates“ планираат подоцна во текот на месецот да започне со летови по трасата Дубаи-Панама Сити, кои ќе траат 17 часа и 35 минути.

Превозникот го нарекува летот еден од најдолгите во светот од гледна точка на растојанието, но додаваат дека со помош на технологијата и доброто планирање, патниците стигнуваат до саканата дестинација за што е можно пократко време.

Од компанијата дополнуваат дека исто така ќе користат различни правци за оние долги летови со искористување на насоката и силата на ветровите во соодветниот ден, за да го намалат времето за пристигнување.

Првиот лет меѓу Дубаи и Окленд е со „А380“, но понатаму по трасата ќе се лета со „Боинг 777“.

Министерот за транспорт на Нов Зеланд објави дека овој лет го скратува за три часа досегашното патување меѓу двете дестинации и го подобрува поврзувањето на земјата со останатиот свет.

Директните летови ќе ја поттикнат трговијата, но и туризмот меѓу двете земји, смета тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП