3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon влезе во модниот бизнис

Amazon влезе во модниот бизнис

voyrye9de5cvxxzmf71m

Без многу медиумска помпа, најголемата светска онлајн продавница „Amazon“ неодамна започна да продава облека од сопствено производство.

Продажбата започна со седум различни брендови, кои вкупно содржат повeќе од 1.800 различни артикли.

Ниту еден од брендовите не го носи името „Amazon“, туку се маскирани во генерички имиња како „Franklin & Freeman“, „Franklin Tailored“, „James & Erin“, „Lark & Ro“, „North Eleven“, „Scout + Ro“ и „Society New York“.

Модните брендови на „Amazon“ ги покриваат сите сегменти и нудат се што ќе ви падне на памет, од чевли до одела за мажи, женска облека и модни додатоци, па се до детска гардероба и обувки.

Потпретседателот на „Amazon“ фешн дивизијата уште на крајот на минатата година најави дека компанијата има намера да излезе на пазарот со оригинална линија на облека. Меѓутоа, никогаш не открија повеќе детали.

„Amazon“ со овој потег настојува неговата онлајн понуда да содржи се што потрошувачите би можеле да посакаат, од гаџети па се до облека. Компанијата планира да го зголеми фокусот на производи кои не се поврзани со трети страни и останати трговци со цел клиeнтите да останат верни на онлајн шопинг платформата на „Amazon“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП