6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада остана без злато

Канада остана без злато

злато-пато

Обемот на златни резерви во Канада беше во непрекинат пад во текот на последните 50 години.

На средината на шеесетите канадските златни резерви надминуваа 1.000 тони. До 1985 година една половина од таа количина беше продадена. Во 2015 година резервите беа „тешки“ околу три тона, а во моментов во земјата нема ниту грам злато.

Според податоците на Министерството за финансии, Kанада продала 41,106 унци златни ковани монети во декември минатата година и уште 32,860 унци златници во јануари оваа година.

Преостанатите 21,929 унци се продадени во месец февруари. Златото е дел од традицијата и од Mинистерството наведуваат дека сето тоа е направено со план и дека тоа е долгорочен потег. Имено, државата одамна планира да се ослободи од златото како свое средство. Овие денови, златото нема правна цел која е неопходна во монетарната политика.

„Зошто да го држите златото, освен ако не се почитува некоја традиција“, изјави Јан Ли, професорот на еден Универзитет во Отава. Според неговите зборови, постојат и подобри средства од златото, и ова е, како што вели, паметна одлука на Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП