21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на трговската размена и на дефицитот во јануари

Пад на трговската размена и на дефицитот во јануари

kamioni-stoki

Пад на вкупната вредност на надворешно-трговската во јануари забележала Република Македонија, а осетно намалување има и кај трговскиот дефицит.

Според Државниот завод за статистика, вкупната вредност на стоковата размена на Македонија со странство, во јануари 2016 година, изнесува близу 695 милиони долари, што е намалување од 8,6 отсто во однос на истиот месец лани.

Македонија во првиот месец од годината остварила извоз во вредност од речиси 210 милиони долари и бележи пад од 7,9 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Увозот е намален за 9,1 отсто на близу 385 милиони долари.

Трговскиот дефицит, во јануари 2016 година, изнесува 74, 7 милиони долари, што претставува намалување за 14 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2016, изнесува 80,6 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи).

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП