19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза: Листата на милионери празна

Македонска берза: Листата на милионери празна

mk berza

Македонската берза ја заврши оваа трговска седмица со минимален раст на индексот МБИ10 од 0,65 отсто, додека индексот ОМБ забележа пад од 0,70 проценти.

Вкупниот промет изнесуваше 5,7 милиони денари, а се тргуваше со 18 хартии од вредност од кои седум имаа пад на цената, шест хартии имаа пораст, додека пет останаа без промена на вредноста.

Во петочното тргување ниту една хартија немаше промет поголем од еден милион денари.

Најтргувана акција денеска беше на Комерцијална банка, при што беше реализиран промет во износ од 978 илјади денари (просечна цена беше 2.368 денари), а следеа ТТК Банка и НЛБ Тутунска Банка со промет од 973 илјади, односно 714 илјади денари.

Од обврзниците се тргуваше со осмата и четиринаесеттата емисија на обврзници за денационализација со кои беше остварен вкупен промет во износ од 667 илјади денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП