5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИYahoo анализира продажба на средства за до 3 милијарди долари

Yahoo анализира продажба на средства за до 3 милијарди долари

yahoo rast 485

Продажба на патенти, имот и други средства, кои не се поврзани со основната дејност, е нешто за кое размислува „Yahoo“, соопштува „Ројтерс“. Очекуваните приходи од оваа мерка се во рамките на меѓу 1 и 3 милијарди долари.

Веста ја соопшти финансискиот директор на компанијата Кен Голдман. Целта е да биде изработен алтернативен план за поделба на бизнисот, објасни тој.

Сите патенти и имот, кои не се поврзани со основниот бизнис на компанијата се на маса за потенцијална продажба. Раководството е под растечкиот притисок од страна на акционерите и инвеститорите да се продаде побрзо основната дејност, наместо да се бара начин да ги подели „Yahoo“ и „Alibaba“.

„Ројтерс“ наведува дека во последните недели во различни медиуми веќе се појавија шпекулации дека компании како „Time“, „Verizon“ и некои други, може да се сметаат како потенцијални купувачи на „Yahoo“.

„Bloomberg“ потсетува дека во 2015-та година „Verizon“ го купи „AOL“ за сума од 4,4 милијарди долари. Сајтот на компанијата има околу 170 милиони посетители. Електронската пошта на „Yahoo“, како и финансиските, спортските и видео сајтовите на компанијата имаат над 1 милијарда посетители.

Таков сообраќај би и помогнал на „Verizon“ да ја привлече и задржи новата генерација која е зависник од смартфонот, додава агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП