5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку отров има во само едно јаболко? (видео)

Колку отров има во само едно јаболко? (видео)

jabolce

Ова видео открива како врелата вода ги отстранува наслагите од восок, хемикалии, разни пестициди и сл. од јаболките, кои се се, само не за јадење.

Јаболките се едни од овошјата кои се најмногу затруени со пестициди – едно јаболко се прска и по 12 пати во годината до неговата берба.

Потоа, сосема е вообичаен процесот на потопување во восок, кој ги прави убави на изглед и ги чува од пропаѓање.

Експертите советуваат дека е најдобро да купувате јаболки од проверено и органско производство, но доколку не сте во можност, најдобро е да ја отстраните лушпата.

Видеото открива како врелата вода ги отстранува наслагите од восок, нечистотија и хемикалии кои се на јаболките…

За добро да ги измиете свежите плодови најпрво полијте ги со врела вода, а потоа е најдобро да се послужите со природните методи, сода бикарбона, вода и оцет.

Помешајте 2/3 вода со 1/3 оцет и половина лажица сода бикарбона. Оставете го овошјето да отстои во растворот 10-15 минути, добро помешајте и потоа измијте ги со обична вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП