10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата и натаму под 37 долари

Цената на нафтата и натаму под 37 долари

nafta 39222

Цената на нафтата се задржа во петокот на светските берзи близу границата од 37 долари во очекување на клучните макроекономски податоци од САД заради подобра проценка за побарувачката откако официјалните податоци потврдија раст на резервите во водечката светска економија.

На лондонската берза цената на барелот остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 36,98 долари. Позначителни промени во однос на претходното затворање немаше ниту на американскиот пазар, каде со барелот се тргува по 34,55 долари.

Нафтените пазари и натаму ги кочи растот на резервите во САД во минатата недела, на ново рекордно ниво од 517,98 милиони барели, покажуваат официјалните податоци. Овој податок го неутрализираше оној за падот на американското производство шеста недела по ред, на 9,08 милиони барели дневно.

Оттука инвеститорите во потрага по насоки за потрошувачката вниманието го насочуваат кон податоците за вработувањето во САД во февруари кои ќе бидат објавени во текот на денот. САД е најголем потрошувач на нафта во светот.

„Многу трговци сега ги чекаат податоците од американскиот пазар на труд-тоа е најважниот показател кога се во прашање потрошувачите на сирова нафта“, истакнува Бен ле Брун од сиднејски OptionsXpress. „Инвеститорите имаат нешто повеќе самодоверба со оглед дека цената достигна дно“, напоменува Ле Брун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП