28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРастат трошоците за кампусот на Apple

Растат трошоците за кампусот на Apple

kampus

Последниот проект на Стив Џобс, новиот кампус на „Apple“ се чини дека е преголем залак за оваа компанија.

Од 2011-та година кога проектот беше претставен, трошоците за неговата изградба пораснаа од нешто помалку од три милијарди долари на скоро пет милијарди. А што е најинтеренсо изградбата се уште не е започната.

Како што пренесува „Bloomberg“, повикувајќи се на луѓе блиски до проектот, предвидено е првиот градежен зафат на самото градилиште да започне во јуни оваа година, а со тоа со сигурност ќе го поместат рокот на изградба кој е предвиден за 2016-та година.

Доколку трошоците навистина бидат околу пет милијарди долари, комплексот на „Apple“ ќе биде најскапата деловна зграда во САД.

Се знае дека пет милијарди долари за кампус не се премногу за „Apple“, затоа што компанијата има 137 милијарди долари готовински резерви, сепак акционерите го негодуваат тоа.

Имено акционерите би преферирале „Apple“ да им исплати поголеми дивиденди, отколку компанијата да ги става парите на страна или да ги троши на екстравагантни градежни проекти.

Еден од акционерите, Кит Годард истакна дека доколку се зголеми буџетот, а акциите изгубат на вредност, тогаш целиот проект би можел да добие негативна конотација.

Интересно е што во Силиконската долина кружи легендата за „проколнатите кампуси“. Неколку компании како што се „Silicon Graphics“ и „Sun Microsystems“ доживеаа вистински дебакл и претрпеа големи парични загуби откако ги отворија раскошните корпоративни седишта.

Но и покрај се „Apple“ нема да се откаже од изградбата на кампусот, без разлика на висината на трошоците. Тоа пред се би значело дека го напуштаат наследството на Џобс и дека ќе станат уште една од конвенцијалните големи компании, како што се „Google“ или „Facebooka“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП