ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ губи по 18 милијарди евра годишно од распадот на Шенген

ЕУ губи по 18 милијарди евра годишно од распадот на Шенген

shengen 33

Распадот на Шенген зоната ќе ја чини ЕУ 18 милијарди евра годишно. Ова се наведува во денес објавениот план на Европската комисија за обновување на Шенгенот до крајот на 2016-та година.

„Вкупната сума на загубите на ЕУ во случај на престанок на слободното движење на луѓе во рамките на Шенген зоната ќе изнесува 18 милијарди евра годишно“, пренесоа агенциите повикувајќи се на информации од ЕК.

Предложениот план за акција бара целосна реконструкција на Шенген зоната до крајот на оваа година и отстранување на едностраната гранична контрола до декември оваа година.

Во моментов 8 од 26-те Шенген држави имаат воведено привремена граничната контрола на внатрешните граници.

Во Грција се блокирани стотици илјади бегалци, а Македонија не ги пушта на своја територија, додека нема јасна идеја колкав број мигранти ќе прифатат земјите кои се нивни крајни дестинации.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП