7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСвечена заклетва на 28 генерација војници на доброволно служење воен рок

Свечена заклетва на 28 генерација војници на доброволно служење воен рок

vojnici-nici

Седумдесет и тројца војници положија во петокот во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“, свечена заклетва како 28-ма генерација на доброволно служење воен рок во Армијата на Република Македонија.

Државната секретарка во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска–Ристова, во своето обраќање пред војниците истакна дека предизвикот на војничката професија е силен мотивирачки фактор за многу млади граѓани.

„Изборот за доброволно служење воен рок за вас претставува чекор напред во изборот на вашата идна професија. Да се биде војник е посебна чест и привилегија на сите млади луѓе. Тоа ви ја отвора можноста да продолжите со надградба на воената професија во професионалниот состав на Армијата на Република Македонија“, рече Чуповска–Ристова.

Воедно, државната секретарка посочи дека е горда што во 28.генерација војници на доброволно служење воен рок има припаднички на понежниот пол. Со отворањето на војничката професија за понежниот пол, додаде државниот секретар, Армијата покажа дека високо ги вреднува и почитува меѓународните вредности.

Обраќајќи им се на родителите на војниците, Чуповска–Ристова истакна дека министерството за одбрана во целост ќе стори сè што е во негова надлежност за да ги отвори вратите и да придонесе за подобра иднина на нивните деца.

Од 73-те војници, од кои 69 мажи и 4 жени, претставуваат база за натамошен избор на професионални војници во редовите на АРМ. Војниците под водство на инструктори од Центарот за индивидуална обука, во наредните три месеци, ќе се запознаат со основната воена обука која опфаќа теоретски и практичен дел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП